Во третото Бундес лига коло кое што се игра викендов, попладнево се постигнати доста интересни резултати, во мечеви во кои на дел од нив беа постигнати и доста голови.
Тимот на Борусија Дортмунд со 0:2 славеше кај Хаиденхаим со головите на Гуираси и Беиер. Фрајбург забележа домашна победа против тимот на Штутгарт од 3:1, додека пакРед Бул Лајпциг со три бода се враќа од Маинц, каде што минимално триумфираше со 0:1.
Унион Берлин загуби на свој терен од Херта со 2:4, додека пак Волфзбург и Келн одиграа екстра интересен меч кој заврши 3:3.