Влаховиќ му донесе нова победа на Јуве, Торино и Фиорентина ремизираа без голови

31.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влаховиќ му донесе нова победа на Јуве, Торино и Фиорентина ремизираа без голови
фото: JuventusFC (X)

Екипата на Јувентус оствари минимална победа со 0:1 против Џенова во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Избраниците на Игор Тудор стигнаа до победата со голот на Душан Влаховиќ во 73-тата минута. Со оваа победа Јувентус остана максимален после две одиграни кола и се наоѓа на второто место на табелата. Џенова го завзема 15-тото место со еден бод од два натпревари.

На вториот натпревар кој се одигра од терминот од 18:30 часот Торино и Фиорентина ги поделија бодовите со резултат 0:0.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата