Удинезе го шокираше Интер во Милано, Лацио убедлив против Верона (ВИДЕО)

31.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Удинезе го шокираше Интер во Милано, Лацио убедлив против Верона (ВИДЕО)
фото: Udinese Calcio (X)

Интер направи голем „кикс“ на стартот на новата сезона во Серија А. иако беше голем фаворит на вечерашниот дуел со Удинезе, миланскиот гигант дозволи да доживее пораз на домашен терен од 1:2 и да им даде голема предност на лутите ривали во трка за титулата.

За „нероаѕирите“ се тргна добро. Дамфрис погоди во 17. минута за водство од 1:0, но гостите одлично се вратија и до паузата веќе направија пресврт. Најпрво Дејвис од пенал израмни на 1:1 во 29. минута, додека Ата во 40. минута се потруди за комплетен пресврт и водство од 1:2.

иако Интер доминираше во вториот дел, тимот не успеа да најде начин барем да се избори за реми.

Лацио по изненадувачкиот пораз на стартот вечерва славеше над Верона со убедливи 4:0. Во Рим „лацијалите“ доминираа и уште во првиот дел го најавија триумфот. Гендузи, Закањи и Кастељанос со по еден гол на „римските“ орли им донесоа предност од 3:0 на паузата. Конечните 4:0 беа дело на диа во 82. минута.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата