Вирц: Не сум ја барал 10-ката во Ливерпул, не верувајте во се што ќе прочитате!

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вирц: Не сум ја барал 10-ката во Ливерпул, не верувајте во се што ќе прочитате!
фото: Bayer 04 Leverkusen (X)

Флоријан Вирц кој е пред трансфер во екипата на Ливерпул, одговори на наводите дека како еден од условите за заминување на „Енфилд“ било и тоа да ја добие „десетката“ на дресот.

Инсајдерот Флоријан Плетенберг вчера објави дека играчот од средниот ред би сакал да го носи бројот 10, како во Баер, доколку се пресели во Ливерпул, но таа во моментов е сопственост на Алексис Мекалистер.

„До оној кој вели дека сум го барал бројот број 10 – Јас ги почитувам играчите. Не треба да верувате во сè што ќе прочитате“, објавил Вирц на социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата