Фудбалската репрезентација на Узбекистан обезбеди историски пласман на Светското првенство. Ова ќе биде прво нивно учество на собирот на најдобрите светски фудбалски селекции.
Во 9-то коло од квалификациите, составот на Тимур Кападзе одигра нерешено (0:0) со екипата на Обединетите Арапски Емирати, која го зазема 3-тото место во Групата А.
Така, Узбекистан ќе остане најмалку втор во групата, што им гарантира учество на фудбалскиот мундијал.