„Винисиус ги иритира сите, па и фановите на Реал, Перез треба под итно да го продаде“!

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Винисиус ги иритира сите, па и фановите на Реал, Перез треба под итно да го продаде“!

Предраг Мијатовиќ некогашниот спортски директор на Реал Мадрид и човекот кој што во 1998 година на “кралевите“ им ја донесе првата титула во ЛШ по пауза од 32 години, и тоа како е човек кој има штѕо да каже за состојбите во најголемиот клуб во светот.

Кога во една сезона ќе бидете поразени на сите четири Ел Класика тогаш на сите ни е јасно дека е време за тешки одлуки и за големи промени“ посочи тој.

На прашањето што мисли за Винисиус, сегашниот прв човек на Партизан не бираше зборови, беше директен:

Не го познавам Бразилецот, ама тие што го знаат ми велат дека е многу добра личност. Сепак Реал е нешто посебно. Кога играш добро тоа е нормално, но кога не си по вкусот на фановите тогаш тие бараат да те нема од Реал. Од друга страна на сите ни е јасно дека Винисиус во последно време се здоби со голем број непријатели, а не ни во таа форма како порано. Од она што го гледам навистина не можам да сфатам зошто така се однесува на теренот. Со тоа ги иритира сите, па и фановите на Реал па моја препорака до Перез е под итно да го продаде и со тие пари да купи неколку екстра засилувања“ изјави Мијатовиќ.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата