Се знае наследникот на Александер Арнолд во Ливерпул

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се знае наследникот на Александер Арнолд во Ливерпул

Тоа е досегашниот бек на тимот на Баер Леверкузен, холандскиот репрезентативец Џереми Фримпонг.

Тој како и најголемиот дел од овој тим, има одлична сезона, под водство на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, па нормално е дека поголемиот дел од првотимците летово ќе бидат мета на европските гиганти.

Според последните информации, Фримпонг вреди околу 35 милиони евра, што не е никаков проблем за тим како Ливерпул.

Во исто време, во тек се преговори и со самиот играч, кој изразил желба да се пресели во шампионот на Англија.

Иако игра за Холандија, Фримпонг пораснал во Англија, каде што поминал девет години во младинската академија на Манчестер Сити. Тој ја започна својата професионална кариера во шкотскиот клуб Селтик, а од 2021 година е дел од Баер Леверкузен, каде што одигра клучна улога во освојувањето на историската титула во Бундеслигата минатата сезона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата