Покрај мечот Македонија – Белгија од нашата група Ј, кој заврши со 1:1, се играше и дуелот меѓу Велс и Лихтенштајн. Победи фаворитот со убедливи 3:0 и сега оваа селекција прва на табелата со 7 бодови, Македонија е втора со 5 бода.
Стрелци на головите за Велс беа Родон, Вилсон и Мур.
Вечерва се одиграа уште четири средби. Најинтересно беше во Норвешка, каде што домашната селекција прости ја распарчи Италија со 3:0. Серлот, Нуса и Халанд уште во првиот дел им стегнаа три гола на „аѕурите“ и си ја завршија работата.
Хрватска славеше со 7:0 на гостувањето кај Гибралтар, Чешка со 2:0 ја победи Црна Гора а Израел со 3:1 победи кај Естонија.