Србија ја чека „ПЕКОЛ“ во Тирана! (ФОТО)

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија ја чека „ПЕКОЛ“ во Тирана! (ФОТО)

Вечерва во фудбалска Европа, а посебно на овие простори, сите погледи ќе бидат свртени кон Тирана. Имено во главниот град на Албанија, домашната селекција ја пречекува Србија во рамките на групата К за пласман на СП 2026.

И кога е така, кога играат овие две селекции, јасно е дека фудбалот е во втор план, а не би требало да биде така. Вечерва сите Албанци во светот ќе навиваат Србија да падне среде Тирана, ќе навиваат четата на Пикси Стојковиќ по секоја цена да биде поразена.

Билетите се продадени уште пред неколку дена, иако најрадикалната навивачка група во Албанија најави дека нема да присуствува на овој меч поради тоа што е во“војна“ со раководството на ФС на Албанија, сепак јасно е дека избраниците на селекторот Силвињо ќе ја имаат сета поддршка од трибините.

Медиумите во Албанија бараат победа по секоја цена, има “пецкања“ од двете страни, па останува да видиме како ли ќе биде вечерва од 20:45 часот во Тирана кога почнува средбата, а и пред тоа и после натпреварот.

Денеска се играат уште неколку натпревари во европските квалификации за СП а се среќаваат:

БиХ – Сан Марино (15 ч), Андора – Англија (18 ч), Малта – Литванија (18 ч), Австрија – Романија (20.45 ч), Финска – Холандија (20.45)

ФОТО: ФСС/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата