Валверде промаши пенал за победа, Чаби дебитираше со реми против Ал Хилал

18.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Валверде промаши пенал за победа, Чаби дебитираше со реми против Ал Хилал

Фудбалерите на Реал (М) одиграа нерешено 1:1 против екипата на Ал Хилал во рамките на првото коло од групата „Х“ на Светското клупско првенство. На мечот вечерва во Мајами, Реал ги имаше сите предуслови за победа под водство на новиот стратег Чаби Алонсо, но на крајот Ал Хилал успеа да извлече голем бод од дуелот со фаворитот.

Клучниот момент на мечот се случи во 92. минута, кога Реал доби шанса од пенал да дојде до водство за триумф, но Федерико Валверде не успеа да го совлада голманот на Ал Хилал, Боно.

„Кралевите“ дојдоа во водство со голот на младиот Гонзало Гарсија во 34. минута, по одличната асистенција на Родриго. Ал Хилал само 7 минути подоцна успеа да израмни, откако по досудениот пенал Рубен Невеш го матираше Куртоа за 1:1.

Во вториот дел имаше доста промени во тимот на Реал, но тоа на крајот не донесе успех за Шпанците, кои во второто коло ги очекува меч со Пачука. Вечерва деби за Реал имаа и новите засилувања Хајсен и Трент.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата