Со голот на Кенан Јилдиз, тимот на Јувентус предмалку на свој терен ја совлада Џенова со минимални 1:0 и на тој начин ја прекина негативната серија. Поточно, Игор Тудор дебитираше на клупата на Јуве со победа, откако го презема кормилото на средина на изминатата недела.
По катастрофалните порази од Аталанта и Фиорентина, во Торино мораше да има промени, а изборот падна на Тудор. Тоа очигледно имаше ефект, затоа што денеска Јуве ги освои планираните три бода, толку неопходни за да екипата го врати победничкиот дух што се вели.