Од денеска па во следните неколку денови, па и часови, на зовриениот трансфер пазар во преден план ќе бидат класичните напаѓачи. Се чини дека се е готово околу трансферот на Александер Исак од Њукасл во Ливерпул и тоа за рекордни 150 милиони евра и плус бонуси. Трансфер кој ќе биде трет најголем во историјата по оние на Нејмар од Барса во ПСЖ и на Мбапе од Монако во ПСЖ.
Ова значи дека Њукасл мора да бара негова замена и го најде во Слоцвенецот Бењамин Шешко кој би дошол за најмалку 80 милиони евра. Младиот Словенец беше трансферна цел на повеќе клубови, но сепак најверојатно ќе потпише за „страчките“.
Во оваа вртелешка и Лајпциг нема да остане со празни раце. “Биковите“ се силно заинтересирани за Бразилецот Ромуло, висок 193 см, кој игра го Гезтепе. Сепак не се знае за која сума тој би се преселил во Бундеслигата.