Сега веќе е официјално. Најголемиот клуб во светот објави дека престижната “ДЕСЕТКА“ на дресот ќе ја носи Килијан Мбапе. Очекувано, само се чекаше на потврда. Тоа значи дека “кралевите“ го објавија наследникот на легендарниот Лука Модриќ.
Се шпекулираше со Арда Ѓулер, ама Реал е преголем клуб а и Килијан е преголема ѕвезда за да ја носи таа “десетка“ некој друг освен капитенот на репрезентацијата на Франција и по многумина најдобриот фудбалер во светот.
Се очекува од продажбата на овој дрес и Реал и Мбапе да заработат тешки милиони.