Трансфери: Донарума си оди од ПСЖ, Њукасл спрема “бомба“, Реал го продава Родриго за 100 милиони евра!

12.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трансфери: Донарума си оди од ПСЖ, Њукасл спрема “бомба“, Реал го продава Родриго за 100 милиони евра!

Во пресрет на утрешното финале на СКП, вест од Париз дека големи се шанси голманот Џиџи Донарума да си оди од ПСЖ, и тоа ако не ова лето тогаш наредното сигурно, кога му истекува договорот.

Имено еден од најдобите голмани во светот одбил да го потпише новиот договор со европскиот шампион кој му бил ставен на маса. Целата оваа сага со Донарума ја следат Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед кои не кријат дека го сакаат Италијанецот.

Њукасл спрема “бомба“. Не само што пребогатиот клуб од северот на Англија нема намера да го пушти Александер Исак, туку сака да го купи Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт и за него е подготвен да плати 100 милиони евра. Со Исак и Екитике во нападот, Њукасл секако дека и тоа како ќе има гочеми амбиции за следната сезона.

Сега и дефинитивно е јасно дека за Родриго нема иднина во Реал Мадрид. Флорентино Перез ја одреди цената за Бразилецот и таа изнесува 100 милииони евра. Арсенал има намера да го купи, ама претходно ќе мора да се ослободи од тројца свои играчи.

ФОТО: ФЦ ПСГ/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата