Меси не застанува, постави нов рекорд во МЛС (ВИДЕО)

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси не застанува, постави нов рекорд во МЛС (ВИДЕО)
Фото: Интер Мајами Х

Ѕвездениот тим на Интер Мајами ја забележа својата петта победа во низа во МЛС откако славеше против Нешвил со 2-1.

Благодарение на победата, проектот на Дејвид Бекам сега има само пет бода негатива во однос на лидерот во Источната конференција, Филаделфија.

Лионел Меси повторно беше херој за својот тим, ги постигна двата гола. Тој постигна гол за прв пат во 17-тата минута, а потоа во 62-та минути кога го постави конечниот резултат.

Токму со послендиот погодок направи нешто што не го направил од 2012 година кога играше за Барселона, објави ESPN. Тоа беше последен пат кога постигна барем два гола во пет последователни натпревари.

Меси ја продолжи рекордна серија во оваа лига, откако минатата недела стана првиот играч во историјата на МЛС со серија од најмалку два гола во четири последователни натпревари, сега дојде до петтиот меч со таков учинок.

Гледајќи го неговиот вкупен настап оваа сезона, Меси има 22 гола и седум асистенции во 27 натпревари за Интер Мајами.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата