Таре преговара со Тиаго Мота и Винченцо Италијано за нов тренер на Милан

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таре преговара со Тиаго Мота и Винченцо Италијано за нов тренер на Милан
фото: Matteo Moretto (X)

Новиот директорот на Милан, Игли Таре, го контактирал Тиаго Мота за да разговараат за тренерското место кај „росонерите“. Покрај Мота, Таре исто така побарал средба и со винченцо Италијано.

Според новинарот Даниеле Лонго, новиот спортски директор на „росонерите“, Игли Таре, е во сериозни преговори и со двајцата стратези. Сепак, тој нагласува дека во моментов прв „пик“ на Таре е Винченцо Италијано, кој моментално ја води Болоња.

Милан го освои 8-то место на табелата во Серија А, по што се раздели со Серхио Консеисао.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата