Алегри постигна договор со Милан

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алегри постигна договор со Милан

Тренерот Масимилијано Алегри е многу блиску до враќање на кормилото на Милан, објавуваат локалните медиуми. Сè е договорено меѓу двете страни и само е прашање на време кога договорот официјално ќе биде објавен и самиот тренер ќе ги преземе „росонерите“ по втор пат.

Алегри го водеше Милан помеѓу 2010 и 2014 година, освојувајќи една титула во Серија А во 2011 година. Тренерот потоа помина вкупно осум сезони на кормилото на Јувентус, со кого освои уште пет титули и четири италијански купови.

„Спортмедиасет“ објавува дека Алегри ќе потпише тригодишен договор со Милан вреден пет милиони евра по сезона. Тој ќе го наследи Консеисао, кој ја презеде функцијата кормило на „росонерите“ во декември, но беше вмешан во неколку сериозни конфликти. Самиот тренер беше силно поврзуван со трансфер во Наполи, но оваа можност пропадна откако успеаја да го убедат Антонио Конте да остане на кормилото на тимот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата