Искусниот Хесус Хоакин Фернандез Сусо, по долгата и успешна кариера се врати во својот матичен клуб, Кадиз. Момчето родено во овој град, потпиша четири годишен договор со што го засили клубот сериозно за следниот период.
Сусо се врати во Кадиз, каде што играше до 2010 година, кога се пресели во Ливерпул на 16-годишна возраст. Тој играше и за Алмерија, Милан, Џенова и Севиља.
Офанзивниот играч го имаше своето деби за шпанската репрезентација во 2017 година. Тој го освои Суперкупот на Италија (2016) и Лигата на Европа (2020 и 2023).