Стигна добра вест за фановите на Реал Мадрид

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стигна добра вест за фановите на Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе не заработи сериозна повреда во поразот од Арсенал.

Французинот мораше да ја напушти играта во средата навечер поради повреда на скочниот зглоб, но ќе биде подготвен за финалето на Копа дел Реј.

Мбапе е суспендиран за дуелот со Атлетик Билбао овој викенд, а ќе биде одморен и за гостувањето кај Гетафе во среда, за да биде целосно подготвен за финалето од Копа дел Реј на 26 април.

Мбапе оваа сезона постигна 34 гола и забележа четири асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.

Французинот ќе биде клучен во борбата за трофеи во Ла Лига и Копа дел Реј.

Финалето на Копа дел Реј ќе се одигра на стадионот „Ла Картуча“ во Севиља, во сабота на 26 април од 22:00 часот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата