Јирген Клоп во Реал Мадрид? Сега се е јасно!

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јирген Клоп во Реал Мадрид? Сега се е јасно!

Како вистинска бомба вчера одекна веста дека Јирген Клоп, еден од најдобрите тренери во светот, кој сега е глобален директор на Ред Бул за фудбал, е пред трансфер во Реал Мадрид.

Демек на Германецот, кој некогаш со успех ги предводеше Мајнц, Дортмунд и Ливерпул, му здодеала работата во Ред Бул и дека би сакал да се врати по една година пауза како тренер на големата светска сцена.

Медиумите во Бразил од каде што почна целата приказна, Шпанија и Англија, па и Германија повикувајќи се на свои извори посочуваа дека Флорентино Перез е силно заинтересиран да го види Германецот на клупата на “кралевите“.

Сепак, ништо од тоа. Сега се е јасно откако свој коментар имаше менаџерот на Клоп, Марк Косицки кој изјави:

Јирген е многу среќен и задоволен со новата работа во Ред Бул. Тој е во целост фокусиран во тоа што сега го работи“.

Ова значи само едно. А тоа е дека во блиска иднина Клоп тешко би седнал на клупата на Реал, а за понатаму останува да се види.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата