Жозе со “бомба: Во Фенер доаѓа англиски репрезентативец?! (ФОТО)

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жозе со “бомба: Во Фенер доаѓа англиски репрезентативец?! (ФОТО)

Фенербахче има уште една сезона зад себе без освоен трофеј, сезона за заборав. Па така навивачите почнаа да го губат трпението. Со доаѓањето на елитен тренер како Жозе Мурињо, се надеваа дека конечно ќе го освојат турското првенство, но тоа не се случи.
Се зборуваше многу за заминувањето на Жозе Мурињо на крајот од сезоната, а поголемиот дел од разговорите беа за клупата на португалската репрезентација или за заминувањето во Саудиска Арабија. Сепак, се чини дека овие планови ништо од тоа, па така “Специјалниот“ ќе остане на клупата на турскиот гигант, барем засега.
Жозе го подготвува тимот за следната сезона, а Фенербахче ќе се сврти кон трансфер пазарот ова лето за да го зајакне својот играчки кадар.
Според турските медиуми, поточно „Милијет“ – Жозе Мурињо се одлучи за англиската ѕвезда Џејдон Санчо.

Секако дека ако се реализира овој трансфер, тоа ќе биде “бомба“ на Босфорот.
Санчо беше еден од оние на кои им се предвидуваше светла кариера, но во последно време сè тргна наопаку за него.Тој не се прослави во Манчестер Јунајтед, па го испратија на позајмица во Челзи, но не направи ниту еден значаен настап во Лондон.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата