Европскиот шампион Пари Сен Жермен нема намера да преземе чекори за да го потпише играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, објавува „Ле Паризиен“.
Одлуката е поврзана со фактот дека раководството на ПСЖ верува дека тие го имаат најдобриот среден ред во светот и не им требаат засилувања во оваа област.
Не е тајна дека Родри сака да го напушти Манчестер Сити, а негов приоритет е да се врати во татковината и да потпише за Реал Мадрид. 30-годишниот Шпанец веќе ги договорил личните услови со „кралевите“ и чека двете страни да се договорат за трансферот.

