Промоција: Ал – Хилал се пофали со Тео Ернандес! (ВИДЕО)

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Промоција: Ал – Хилал се пофали со Тео Ернандес! (ВИДЕО)

Готово е. Најавите се остварија. Тео Ернадес, по цели шест години минати на “Сан Сиро“ се прости од Милан и потпиша за пребогатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал – Хилал. Еден од најдобрите бекови во светот на фудбалот во последната деценија ќе игра фудбал во Саудиска Арабија.

Милан добива 20 милиони евра плус бонуси, а самит фудбалер по сезона ќе заработува најмалку по 22 милиони евра.

Францускиот репрезентативец во Милан дојде од Реал Мадрид во 2019 година и за овие шест изминати сезони одигра 262 меча за клубот од Милано. Притоа беше стрелец на 34 голови а имаше и 45 асистенции.

Се разбира со него, стратегот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги ќе добие на квалитет.

ФОТО: ФЦ Ал – Хилал/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата