Натпревар од Серија А ќе се игра во Австралија!

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Натпревар од Серија А ќе се игра во Австралија!

И дефинитивно светот станува глобално село, посебно во спортот. Имено како што е објавено денеска, меч од Серија А ќе се игра во Австралија и тоа во Перт.

Станува збор за натпреварот меѓу Милан и Комо, закажан за 6 февруари. Сепак треба да се напомене, дека ова не е поради некој комерцијален потег туку поради фактот дека на тој ден, односно тој викенд ќе се одржи свеченото отворање на ЗОИ на “Сан Сиро“ во Милано.

Се чека само на официјална потврда, а ова ќе биде по малку и историски меч, ако се знае дека овој натпревар меѓу Милан и Комо ќе биде прв во историјата на Серија А да се одигра надвор од Италија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата