Премиерлигашите не го прифатија новиот систем на финансиска одржливост

13.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерлигашите не го прифатија новиот систем на финансиска одржливост

Премиер лигата следната сезона нема да ги менува финансиските правила.

Правилата за профитабилност и одржливост (ПСР) требаше да бидат заменети со односот на трошоците за тимот (СЦР) ова лето, но на состанокот денес, клубовите од Премиер лигата одлучија да го задржат досегашниот принцип барем до следната сезона.

Новиот модел (СЦР) е направен по моделот на финансиските правила на УЕФА и им дозволува на клубовите да издвојуваат не повеќе од 85 отсто од своите приходи за фудбалски расходи. СЦР исто така, поставува ограничување за трошење на платите и трансферите на играчите: не повеќе од петпати повеќе од износот што најлошиот тим во лигата ќе го добие како парични награди и приходи од ТВ права.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата