Покренато обвинение за навивачот кој го нападна Грилиш на дербито со Јунајтед

8.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Покренато обвинение за навивачот кој го нападна Грилиш на дербито со Јунајтед

Еден човек е уапсен и обвинет откако наводно го нападнал Џек Грилиш на крајот од неделното дерби на Манчестер на Олд Трафорд, објавија тамошните медиуми.

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити одел надвор од теренот кон тунелот на играчите кога бил нападнат, според Дејли Меил, што беше доволна причина за да се отвори полициска истрага. Во соопштението на градската полиција личноста која го надпаднала ќе се појави на суд во Манчестер во јули.

Грилиш влезе во игра во 74. минута од ремито без голови со Манчестер Јунајтед. Неговиот соиграч од средниот ред Фил Фоден беше предмет на вулгарни скандирања од толпата за неговата мајка во првото полувреме, што предизвика жестока прекор од Пеп Гвардиола по натпреварот.

„Скандирањата кон него? Недостаток на класа. Но, тоа не е критика за Јунајтед, туку за луѓето на трибините“, изјави тогаш менаџерот на Сити.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата