Со својот втор гол оваа сезона во Конференциската лига, нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов не дозволи неговиот тим Јагиелонија да го загуби и реванш мечот од четвртфиналето во Конференциската лига против шпански Бетис. Гостите од Андалузија по голема борба на теренот во 78. минута успеаја да дојдат до водство од 0:1 со голот на Бакамбу, но Чурлинов по една одлична соло-акција успеа со прецизен удар да го израмни резултатот на 1:1 веќе во 81. минута.
Jagiellonia Białystok [1]-1 Betis – Darko Čurlinov 81′ | agg. [1]-3
byu/4gjdtokurwa insoccer
Нашиот голегетер ја напушти играта во 89. минута, а Јагиелонија со ова реми и поразот на првиот мечод 0:2 се прости од Коференциската лига.
Во полуфиналето на ова европско натпреварување заедно со Бетис оди и Фиорентина, која на домашен терен одигра 2:2 со Целје. Словенците покажаа дека не случајно се дел од ова четвртфинале, откако поведоа во Фиренца со 1:2 во 65. минута, но не успеаја долго да го задржат ова водство.
Фиорентина со голот на Мандрагора дојде до 1:0 во 37. минута, а во второто полувреме Матко во 54. и Немањиќ во 65. минута донесоа голем пресврт за гостите, кои во тоа време со овие 1:2 имаа егал.
Сепак, Мојс Кин само две минути подоцна погоди за 2:2 и за крај на радоста на Словенците, кои во првиот меч дома беа поразени со 1:2.
Конференциска лига – ¼ финале – реванш
*Фиорентина – Целје 2:2 / (2:1)
Јагиелонија – *Бетис 1:1 / (0:2)
21.00 Челзи – Легиjа (3:0)
21.00 Рапид В. – Ѓургарден (1:0)