Дали Винисиус ќе оди во Саудиска Арабија? Дали Реал Мадрид ќе ги прифати тие понудени 350 милиони евра?
Тоа се прашање на кои одговор има само еден човек, а тоа Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид.
Ако досега Дон Флорентино и не се “замараше“ со такви понуди, сепак сега инсајдерите во Шпанија, оние кои ги знаат и тоа како условите во Реал, велат дека Перез се двоуми за тие 350 милиони евра кои Ал Ахли ги нуди. Да потсетиме дека Саудијците на Бразилецот му нудата баснословно милијарда евра.
Исто така се шпекулира дека советниците на Перез деновиве го советувале тој да каже – ДА на ова понуда и да се раздели со Винисиус. Посебно сега кога Килијан Мбапе и Родриго влегоа во страшна форма.
Нешто слично му советува и Сиро Лопез, еден од најпознатите новинари во Шпанија:
“Продај го Вини и за тие 350 милиони евра купи тројца играчи. Прво за 70 милиони евра донеси го најдобриот стопер во Европа, за 80 милиони евра можеш да го потпишеш најдобриот лев бек, а со останатите најдобриот играч за врска и да го прави тоа што Тони Крос го правеше во Реал…“