Интер го прати Паласиос на позајмица во Монца

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер го прати Паласиос на позајмица во Монца

Младиот 21-годишен Аргентинец, Томас Паласиос ќе ја заврши сезоната во дресот на Монца. Како што денеска објавија од „фенерџијата“ во Серија А лигата, Паласиос доаѓа во тимот од екипата на Интер на позајмица до крајот на сезоната.

Дефанзивецот беше купен од „нероаѕурите“ на крајот на август минатата година за 6,5 милиони евра и уште 4,5 милиони бонуси. Оваа сезона Паласиос учествуваше во 2 натпревари во Серија А и не успеа да се избори за место во првиот тим. Сега во Монца ќе се обиде да добие место во првиот тим кој грчевито ќе се бори за опстанок.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата