Осимен одби плата од 40 милиони евра, сака да остане во Европа

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осимен одби плата од 40 милиони евра, сака да остане во Европа

Виктор Осимен одби трансфер во Саудиска Арабија.

Иако беше објавено дека Ал-Хилал постигнал договор со Наполи за трансферот на напаѓачот за сума од 75 милиони евра, сепак, самиот фудбалер го одбил саудискиот клуб.

Нигериецот сака да остане во Европа и нема намера да ја прифати саудиската авантура. За него се заинтересирани клубови од Италија и други земји, но високата цена која ја бара Наполи се пречка за да се реализира некој трансфер на стариот континент.

Клубот од Ријад му понуди на играчот плата од 40 милиони евра по сезона и уште 5 милиони во бонуси, но и тоа не го натера Осимен да замине во Саудиската Про лига.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата