Италија си испиша најсрамна историја, за тоа заслуга има и Македонија!

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италија си испиша најсрамна историја, за тоа заслуга има и Македонија!

Што се случува со селекцијата на Италија? Сите се прашуваат што навистина се случува со повеќекратниот светски и европски првак? Четата на селекторот Лучано Спалети, кој веќе доби отказ, пред два дена беше поразена од Норвешка и тоа со 3:0 на гости.

Со ова е испишана најсрамната историја на оваа репрезентација. Имено никогаш, ама баш никогаш не се случило во квалификациите за СП оваа селекција да биде поразена.

За ова заслуга има и Македонија. Имено на 24.03.2022 година, во бараж мечот во Бари, Македонија победи со 0:1, завчера од Норвешка тоа беше нивни втор пораз во низа.

Ова никогаш не се случило претходно.

Инаку е познато поради тој пораз од Македонија, Италија не настапи на СП во Катар 2022, а како тргнала тешко дека ќе го види Мундијалот во 2026.

ФОТО: ФС Италија/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата