Официјално: Ван Дајк во Ливерпул до 2027! (ФОТО+ВИДЕО)

17.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Ван Дајк во Ливерпул до 2027! (ФОТО+ВИДЕО)

По Мохамед Салах, од денеска и Вирџил ван Дајк потпиша нов договор или продолжување на соработката со Ливерпул. Она што се најавуваше со денови наназад, предмалку “Редси“ и го официјализираа.

Со пригодно видео и неколку фотографии на своте социјални мрежи, објавија дека нивниот капитен, Вирџил ван Дајк останува на „Енфилд“ најмалку до 2027.

Многу сум среќен и горд. Многу емоции ми минуваат низ главата. Тоа е чувство на гордост, чувство на радост. Отсекогаш бил Ливерпул и само Ливерпул. Секогаш знаев дека ова е место за мене и моето семејство“ истакна покрај другото Ван Дајк.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата