Нов кикс на Хајдук: “Македонскиот“ Вараждин го сопна тимот на Гатузо во битката за титулата!

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов кикс на Хајдук: “Македонскиот“ Вараждин го сопна тимот на Гатузо во битката за титулата!

Нов кикс на Хајдук во битката за титулата во Хрватска, и за тоа е заслужен “македонскиот“ Вараждин кој на свој терен одигра 1:1 против “билите“ од Сплит.

За домашните стартери беа Митровски и Младеновски, првиот беше еден од најдобрите на теренот, а Јованов остана на клупата, додека за Хајдук напаѓачот Трајковски остана на клупата. Тренерот Гатузо не му даде шанса да има било каква минутажа.

Сега Хајдук и Ријека се на делба на првото место со по 56 бодови, но Ријека има меч помалку. Динамо има 52 и исто меч помалку од Хајдук.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата