ОФИЦИЈАЛНО: Ричи е нов фудбалер на Милан!

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОФИЦИЈАЛНО: Ричи е нов фудбалер на Милан!

Самуеле Ричи и официјално е нов фудбалер на Милан. Дефанзивниот играч од средниот ред потпиша договор со „росонерите“ до 2029 година, со опција за продолжување за уште една сезона.

Милан ќе плати трансферна сума од 23 милиони евра за капитенот на Торино, а дополнителни 2 милиони евра се поврзани со бонуси.

Торино претходно плати 8,5 милиони евра на Емполи за Ричи. Минатата сезона, 23-годишниот репрезентативец на Италија одигра вкупно 36 натпревари.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата