Официјализиран и третиот трансфер меѓу Баер и Ливерпул

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјализиран и третиот трансфер меѓу Баер и Ливерпул
Фото: Баер Леверкузен

Баер Леверкузен официјално го објави трансферот на Жарел Куанса од Ливерпул. 22-годишниот централен бек доаѓа за сума од 30 милиони фунти плус дополнителни 5 милиони фунти во додатоци. Ливерпул има можност да го откупи назад во иднина, но потоа ќе мора да му плати на Баер откупна клаузула од 60 милиони евра, која ќе биде активна од 2027 година.

Ова е трет трансфер помеѓу двата клуба ова лето, а ѕвездите на Леверкузен, Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, ќе играат на „Енфилд“ следната сезона.

Куанса кој беше редовен стартер за актуелниот европски шампион до 21 година, Англија, ќе потпише договор до 2030 година. Тој ќе го носи дресот со број 4 во Леверкузен.

Кванза има вкупно 58 настапи за Ливерпул, во кои постигна 3 гола и имаше 3 асистенции.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата