Барнли промовираше досегашен напаѓач на Лацио

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барнли промовираше досегашен напаѓач на Лацио

Премиерлигашот Барнли предмалку го претстави Лум Чауна, досегашниот играч на римски Лацио за нов член. Барнли плати 12 милиони фунти за неговите услуги, плус 10% од следниот трансфер на напаѓачот.

Французинот иако доста млад со само 21. година веќе има 130 мечеви од Серија А, и Лига А како и Лига 2 шампионатите.

„Горд сум што на овој ден потпишав за толку посебен клуб. Разговарав со менаџерот за време на Европското првенство ова лето и имавме навистина добар разговор што ме натера да сфатам дека сакам да бидам тука. Едвај чекам да се подготвам за претстојната сезона и да играм пред навивачите.“ – изјави напаѓачот.

Чауна минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања за Лацио, постигнувајќи два гола. „Орлите“ од Рим го потпишаа од Салернитана пред една година за 8,4 милиони евра.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата