Англија – Сенегал 1:3. Некој ќе каже дека сепак ова е пријателска, но исто така треба да се каже дека ова е катастрофа за избраниците на селекторот Томас Тухел, катастрофа за Кејн, Рајс, Сака и останатите мега – ѕвезди во светски фудбалска рамки.
Имено ова невиден и историски срам за “Гордиот Албион“, ова е прв пораз на Англија од една селекција од Африка во историјата, а Англичаните досега одиграле 22 меча и Сенегал е првата селекција од Африка која им дала на Англичаните три гола на еден меч.
Натпреварот на “Сито Граунд“ во Нотингем и тоа како беше интересен, а по завршување на истиот она што се гледаше на семафорот беше за неверување.
Веднаш по ова медиумите на Островот “распалија“ по селекторот Томас Тухел и неговите избраници. Имено ова беше капак на се, ако се знае дека Англија во изминатиот дел од квалификациите за СП забележа три победи на исто толку мечеви без примен гол, но сето тоа беше неубедливо, со катастрофална игра и со противници како Албанија, Летонија и Андора.
ФОТО: Англија фудбалски тим/ФБ