Не му се оди во пензија: Милнер уште една година во Брајтон, сака да го урне рекордот во ПЛ!

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не му се оди во пензија: Милнер уште една година во Брајтон, сака да го урне рекордот во ПЛ!

Џејмс Милнер (39) и во претстојната сезона ќе го гледаме во Премиерлигата. Имено искусниот играч за врска потпиша нов договор со Брајтон со што покажа дека нема намера да оди во пензија и сака да ги урне рекордот во ПЛ со најмногу настапи во историјата на оваа лига.

Имено Милнер како играч на Брајтон, претходно и на Лидс, Њукасл, Манчестер Сити, Астон Вила и Ливерпул, во изминатите 24 години успеа да запише 638 меча во Премиерлигата, пред него е само Герет Бери со 653 меча.

Инаку Милнер минатата сезона за Брајтон одигра само неколку натпревари поради тешката повреда, и кога сите мислеа дека ќе престане да игра фудбал, тој направи потег со кој ги фрапира сите.

Милнер следната сезона со 40 години ќе биде најстариот фудбалер во Премиерлигата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата