Фабио Канаваро на пат за Русија

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фабио Канаваро на пат за Русија

Некогашната Златна топка, италијанскиот стратег Фабио Канаваро најверојатно ќе седне на клупата на тимот на ЦСКА Москва. Легендарниот руски клуб е во потрага по тренер откако се раздели со Марко Николиќ, иако во изминатиот шампионат беше освоен купот, а ЦСКА заврши како трета на табелата.
Сепак, ова е означено како неуспех, па Канаваро ќе треба очигледно да ја поправа ситуацијата.

Тој последно беше тренер на Динамо Загреб, каде што исто така не се прослави, и мнгоу бргу беше сменет.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата