На Меси во Интер Мајами ќе му се придружи нов Аргентинец!?

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Меси во Интер Мајами ќе му се придружи нов Аргентинец!?
Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Откако Лео Меси дојде во Интер Мајами, секако дека некои работи се сменија или се менуваат. Овој клуб од Флорида го направи привлечна дестинација за повеќе фудбалери, посебно за оние од Аргентина. Ова лето Интер Мајами најверојатно ќе се засили со уште еден интернационалец од оваа земја, станува збор за познатиот дефанзивец Маркус Рохо. Тој моментално е во Мајами за опоравување од повреда а е под договор со Бока Јуниорс, кој е со важност до декември 2025 година.

Сеуште не се знае дали Интер Мајами ќе плати отштета, или пак Рохо ќе си замине од Буенос Аирес како слободен играч.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата