Реал се најде во негатива во 22. минута, кога Тони Мартинез ја искористи големата грешка на Дин Хујсен и им донесе водство на гостите. Како што се наближуваше крајот на првото полувреме, така растеше и нервозата во редовите на мадридскиот клуб.
Португалецот особено се налути во 45. минута, кога главниот судија Сесар Сото Градо му одржа лекција на Арда Ѓулер. Набргу потоа Марк Кукуреља со двете раце го турна противничкиот фудбалер, по што Сото Градо досуди прекршок.
Мурињо продолжи со протестите, поради што главниот судија му покажа жолт картон. Тоа дополнително го разбесни Португалецот, кој потоа се сврте кон четвртиот судија и почна да му вика.
Во тој момент од клупата станаа фудбалерите на Реал, кои го повлекоа својот тренер и се обидоа да го смират.

