Интер со „покер“ во мрежата на Џенова

28.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер со „покер“ во мрежата на Џенова
Фото: Интер Фејсбук
Интер демонстрираше сила против Џенова и забележа убедлива победа од 4-0 на домашен терен, во рамките на 13. коло во Серија А.

 

Домаќинот од самиот почеток ја контролираа играта, а прашањето околу победникот практично го решија уште во првото полувреме.  Во 29. минута Лаутаро Мартинез ја искористи одличната асистенција и со прецизен удар во долниот лев агол донесе водство за својот тим. Турам во 40. минута ја удвои предноста, а во финишот на првиот дел Интер доби пенал по проверка со ВАР-технологијата.

Одговорноста ја презеде Петар Сучиќ, кој во третата минута од судиското продолжение беше прецизен од белата точка за убедливи 3-0.

Во второто полувреме Интер постигна уште еден гол. Турам во 54. минута најдобро реагираше на одбиената топка во шеснаесетникот и ги постави конечните 4-0.

„Нероаѕурите“ рутински го приведоа натпреварот до крајот и впишаа нови три бода. Интер сега е на второто место на табелата со 32 бода, три помалку од лидерот Лацио.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата