Во второто полувреме Торино успеа да се врати во натпреварот. Адамс во 62. минута ја искористи добрата топка по корнер, беше највисок во скокот пред одбраната на Лацио и со прецизен удар со глава намали на 1-2. По овој гол домаќините се обидоа да стигнат до израмнување, но Лацио успеа да ја зачува предноста.
Лацио и понатаму е прв на табелата во Серија А со 35 бодови, пет повеќе од Рома, која има натпревар помалку. Торино, пак, се наоѓа на 13. место со 14 бодови.

