Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота беше воодушевен по успехот од 2-0 над Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Тој ги пофали своите играчи што играат со срце, душа, но и со потребната количина на разум за да ги добијат трите бода.
„Игравме со срце, душа, но и со ум. Покажавме желба да ги правиме работите на вистински начин. Знаевме уште пред натпреварот дека ќе треба да се браниме подлабоко од вообичаено, но тоа го направивме заедно како тим. Во нападот, исто така, моравме да дејствуваме заедно за да удриме во вистинско време и тоа е заслужена победа. Медицинскиот персонал добро работеше со нив за да се вратат во топ форма. Оние кои дојдоа од клупата им помогнаа многу“, изјави Мота.
Тренерот на Јувентус вели дека биле свесни дека морале да нападнат со повеќе играчи за да целиот фокус не биде насочен само кон Душан Влаховиќ.
„Тоа беше многу поинаков натпревар во споредба со оној против Лајпциг, со сета почит. Моравме да се браниме подлабоко, но поважно беше да нападнеме со повеќе луѓе кога ќе ја освоиме топката и да внесеме повеќе играчи во шеснаесетникот бидејќи така целото внимание не мораше да биде на Душан Влаховиќ. Тој може да ја направи разликата во пенал рулетот и токму тоа го направи денеска“, додаде Бразилецот.