Мисимовиќ осомничен за перење пари како прв човек на Борац Бања Лука

25.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мисимовиќ осомничен за перење пари како прв човек на Борац Бања Лука

Нов скандал го тресе босаниот фудбал. Легендата на оваа земја, Звездан Мисимовиќ е осомничен дека проневерил 200.000 евра, сума на пари која што од УЕФА пристигнала на име на настапите на Борац Бања Лука, клуб каде што Мисимовиќ е претседател и која што сума наместо на контото на клубот завршила на контото на самиот Мисимовиќ.

Државната агенција за заштита и истрага, (SIPA) веќе повела и била на увид во неколку објекти кои што Мисимовиќ ги користи во моментов на подрачјето на Бања Лука.

Дел од медиумите тврдат дека тој бил приведен, дел дека бил само на разговор во полиција, но официјална вест околу ова сеуште нема.

Мисимовиќ околу една година е прв човек на тимот на Борац Бања Лука, за кој што патем настапуваат македонските репрезенаттивци Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, а претходно беше дел од фудбалскиот сојуз на Босна и извршуваше неколку функции.

Тој имаше страшна играчка кариера, беше дел од Баерн, Бохум, Нирнберг, Волзфсбург, Галата….

Интересно е да се напомене дека неговиот син Лука Мисимовиќ има опција да настапува за Македонија, затоа што сопругата на Звездан е по потекло од Македонија.

 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата