„Милионерите“ ја остварија првата победа

31.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Милионерите“ ја остварија првата победа
фото: Borussia Dortmund (X)

Фудбалерите на Борусија славеа на денешниот дуел со Унион Берлин во Дортмунд со 3:0 во натпреварот од второто коло на германската Бундеслига.

„Милионерите“, по пропуштената победа над Сент Паули, овој пат ја оправдаа улогата на фаворити и забележаа значајна победа, а најзаслужен за тоа беше Серхи Гираси, кој денес беше непогрешлив.

Голгетерот од гвинеја најпрво погоди за 1:0 во 44-тата минута, а во 58-та минута веќе зголеми и на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Нмеча во 81-та минута.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата