Мијатовиќ: Да бидеме реални, не може секоја година Реал да ја освојува ЛШ

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мијатовиќ: Да бидеме реални, не може секоја година Реал да ја освојува ЛШ

Некогашната голема ѕвезда на Реал (М), Предраг Мијатовиќ призна дека Арсенал бил подобар од Реал Мадрид во двомечот од четвртфиналето на ЛШ. Лондонскиот клуб се пласираше во полуфиналето победувајќи го Реал двапати со 3:0 и 2:1.

„Мораме да бидеме реални и да признаеме дека Арсенал беше подобар во двата натпревари. Кога сите очекувавме дека Реал Мадрид ќе ја покаже својата вообичаена игра, Арсенал не го дозволи тоа. Реал излезе многу нервозен, а Арсенал е многу незгоден тим: тие играат добро и немаат што да загубат. Според мене, тие стануваат еден од фаворитите за освојување на овој турнир. Кога ќе ја погледнете клупата на Реал, ќе сфатите дека им недостасува ветеран кој може да постигне гол, да направи пробив, да промени нешто. Минатата година таква улога имаше Хоселу. Сега треба да ги бараме позитивните страни и, како што вели Анчелоти, следува финале во Копа дел Реј, Реал Мадрид е исто така и во Ла Лига, Светското клупско првенство… Овие работи се случуваат, не може секоја година да се освојува Лигата на шампионите“, вели Мијатовиќ.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата