Меси со порака пред вечерашното финале: Што и да се случи, остануваме едно големо семејство

19.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси со порака пред вечерашното финале: Што и да се случи, остануваме едно големо семејство

Вечерва светото ќе го дочека настанот кој што се случува еднаш во четири години. Мундијалското финале е на програмата од 21:00 часот во Њу Џерси, САД, каде што ќе се сретнат екипите на Шпанија и Аргентина.
Дефинитивно ова е мечот во кој светот се простува од репрезентативната кариера на Лионел Меси, веројанто најдобриот фудбалер на сите времиња.

Меси ја поведува Аргентина, својата репрезентацијата во финалната битка, а пред самиот меч тој на своите социјални мрежи испрати порака со која што им се обраќа на своите колеги но и на целата аргентинска нација.

„Најубавото во сиве овие години не беа само освоените титули, туку и целото патување низ кое поминавме заедно. Да се ​​споделува секојдневието со оваа група, да се натпреваруваме заедно, да си даваме поддршка во тешките моменти и да уживаме во секој чекор. Ви благодарам на сите мои соиграчи, на стручниот штаб и на сите луѓе кои секојдневно работат за да ја направат оваа репрезентација едно големо семејство.

Што и да се случи, оваа група веќе испиша историја што никогаш нема да ја заборавиме и што никој нема да може да ја избрише.

Напред Аргентина“, напиша Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата