Интер Мајами го победи Њу Ингланд со 1-2 на гостински терен. Тимот од Мајами има десет победи, пет нерешени резултати и три порази, но има два или три натпревари помалку од конкуренцијата поради учеството на Светското клупско првенство. Главната причина за новиот успех беше Лионел Меси. Аргентинецот ги постигна двата гола за својот тим во првото полувреме. Ова ја продолжи неговата извонредна форма, бидејќи во последните пет настапи во МЛС има девет гола и четири асистенции.
Првиот гол го постигна во 27-та минута по голема грешка на домашната одбрана. Десет минути подоцна го дуплираше водството по додавање од Серхио Бускетс.
Leo Messi abre el marcador en Boston 🐐✨ pic.twitter.com/mjNLWo6Mvh
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 10, 2025
Busquets ➡️ Messi 😮💨 pic.twitter.com/0dTp41hu50
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 10, 2025
Домашниот тим успеа да ја намали негативата во 74-та минута преку Карлес Жил, но не можеше да израмни. Со оваа победа, Интер Мајами стигна до вкупно 35 бода во 18 одиграни натпревари, што моментално им го носи петтото место во Источната конференција.
Иако во последно време се шпекулираше дека Меси би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, набрзо се прошири информацијата дека Интер ќе му понуди нов договор бидејќи неговиот сегашен е со важност до крајот на годината.
Оваа сезона тој има 13 гола и шест асистенции во 18 натпревари, додека вкупно има 65 настапи во дресот на Интер, 54 гола и 25 асистенции.