Мартинез се договори со Манчестер Јунајтед

31.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мартинез се договори со Манчестер Јунајтед

Дефинитивно тимот на Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок ќе доведе голман. Тоа 99% ќе биде во моментов чуварот на мрежата на Астон Вила, искусниот Емилијано Мартинез кој што веќе ги договори личните услови со клубот.

Преостанува, Јунајтед и Вила да ги допреговараат условите под кои аргентинскиот голман, и освојувачот на Мундијалот со „Гаучосите“ да се пресели на Олд Трафорд.

Јунајтед има огромни проблеми со голманската позиција, како што има впрочем и со се останато во тимот. Онана е далеку од она што се очекуваше дека ќе биде, веќе е седнат на клупата за резерви, а Мартинез се очекува да го спаси Манчестер од многу главоболки.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата